Пожар во куќа во радовишко Смиланци, се проширил и зафатил уште три куќи
Пожар во куќа во радовишко Смиланци, се проширил и зафатил уште три куќи

СВР Струмица соопшшти дека на 26.03.2026 во 12:37 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Б.Д.(68) од село Смиланци, радовишко, кој се проширил и опожарил уште три околни куќи.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Фото: архива илустрација