fbpx

Претреси во струмичко, пронајдена дрога, приведени дилери

 Претреси во струмичко, пронајдена дрога, приведени дилери

Денеска во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.А.(34) од село Нова Маала, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена  марихуана. Тој бил приведен во полициска станица.

Исто така, денеска во периодот од 13 до 14 часот, по добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Џ.А. (21) од село Нова Маала при што е пронајдена марихуана. Лицето е лишено од слобода. При претресите се пронајдени околу три килограми марихуана, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Утрово полицијата пронајде дрога и во Старо Балдовци.

Share via
Copy link