fbpx

Се асфалтира пристапната улица во населеното место Нова Маала

 Се асфалтира пристапната улица во населеното место Нова Маала

Во населеното место Нова Маала, градежната компанија „Бони интерградба“ ангажирана од општина Василево, ја сфалтира пристапната улица односно улицата која води од влезот на населеното место до училишната зграда.

Увид во текот на завршната фаза од работата на оваа улица направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изрази задоволство од динамиката со која се одвиваа активностите и изјави дека жителите од ова населено место, наместо досегашната речиси нефункционална улица, добиваат современ и квалитетен влез во населеното место, што е особено битно и со оглед на моменталните временски условикарактеристични за престојната зимска сезона.

Должината на оваа улица е 250 метри  а планираната ширина околу 5,00 метри и истата е планирана со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево за 2021 година. Оваа инвестиција е вредна  1 818 530 денари, а средствата ќе се исплатат од општинската каса. 

Share via
Copy link