-Струмица се сака со дела и продолжуваме да ги создаваме за доброто на сите граѓани.Денеска градежната офанзива продолжи во населеното место Свидовица со асфалтирање на нова улица којашто беше приоритет за граѓаните.Во ова населено место заврши и поставувањето ограда на спортското игралиште.Продолжуваме уште посилно…, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Tags : улица
Поради работа на отстранување дефект на водоводна мрежа без вода ќе останe дел од улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ од броевите 10 до 69 од 08 до 13 часот.
Денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“, информираа од Општина Струмица. Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351,60 метри квадратни, односно должина од 480 и ширина од 9 метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција […]
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, денеска беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет, соопштија од Општината. Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година чиј изведувач на терен е градежната компанија […]
Денеска се става нов слој асфалт на улицата „Славчо Стојменски“ од црквата „Свети 15 Тивериополски свештено маченици“ до СОУ „Никола Карев“. Се реконструира вкупна површина од 730 метри квадратни со отстранување на стариот асфалтен слој, оштетениот тампонски материјал и замена на дотраените рабници на улицата. Овој градежен зафат чини 2 милиони денари обезбедени од општинскиот […]
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов направи увид во стартот на градежните работи на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона. Улицата се гради во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка […]
Во населеното место Нова Маала, градежната компанија „Бони интерградба“ ангажирана од општина Василево, ја сфалтира пристапната улица односно улицата која води од влезот на населеното место до училишната зграда. Увид во текот на завршната фаза од работата на оваа улица направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изрази задоволство од динамиката со која се […]
Денеска се асфалтира улица во населено место Моноспитово во должина од 650 метри. Продолжуваме и понатаму да работиме за потребите на граѓаните на општина Босилово, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
-Денес започнавме со асфалтирање на улица во населеното место Дрвош во должина од 560 метри. Општина Босилово ќе продолжи со активности за подобрување на условите за живот на сите граѓани, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Денеска, ЈПКД „Турија“; Василево, по налог на општина Василево вршеше насипување и тампонирање на една од неасфалтираните улици во населеното место Василево. Според информацијата од претставникот од ЈПКД „Турија“, за реализација на оваа активност, која опфаќа пополнување на дупките со чакал и тампонирање на улицата во целата должина, употребени се околу 15 м3 чакал. На лице […]