Јанков: Изградбата на улицата „23 Октомври“ напредува со сигурно и динамично темпо

-Изведбата на улицата „23-ти Октомври“ напредува со сигурно и динамично темпо со 60 отсто реализација од вкупната траса, објави градонаќалмникот на Струмица, Петар Јанков,
-Со должина од приближно 2 километри, оваа сообраќајница претставува значаен зафат кој ќе донесе подобра поврзаност, поголема безбедност и поквалитетни услови за секојдневно движење на граѓаните во овој дел од градот. Проектот е на „Хидроинженеринг“ ДООЕЛ Струмица, додека изведбата ја реализира ДГТ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица. Продолжуваме посветено кон целосна реализација и чекор поблиску до модерна и уредена инфраструктура за сите!, напиша Јанков на неговиот фексбук профил.