Се поставува втор слој асфалт на дел од улицата „Младинска“
Денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“, информираа од Општина Струмица.
Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351,60 метри квадратни, односно должина од 480 и ширина од 9 метри.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.298.928 денари обезбедени од општинскиот буџет.