Ловџија повреден од огнено оружје кај Гевгелија
Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13:00 часот додека бил на лов во атар на село Кованец.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Фото: архива