fbpx

Приведени двајца струмичани кои украле марихуана од плантажа за производство на медицински канабис

 Приведени двајца струмичани кои украле марихуана од плантажа за производство на медицински канабис

На 14.11.2023 кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица, соопшти денеска полицијата.

Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link