Претреси во струмичко: пронајдена дрога во Колешино и Куклиш
На 15.04.2025 во 20.20 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Т.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.04.2025 во 17.40 часот во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.П.(22) од село Куклиш затоа што кај него била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.