Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Претставено идејното решение за изградба на стадион во Струмица
-Со доградба на постојниот „Благој Истатов“, како и многу други содржини Струмица треба да добие нов, модерен стадион, кој ги исполнува актуелните стандарди на УЕФА, објави денес на прес конференција претседателот на ФК„Беласица“, Славчо Васков Пинда.
–Покрај трибинскиот простор и теренот, ќе има и други содржини кои ќе можат да ги користат граѓаните и спортистите. Проектот е направен според сите светски трендови и е планирано да биде енергетски ефикасен. Вакви проекти во Европа има многу, а проектот ќе ги исполнува актуелните стандарди на УЕФА. Проектот е поднесен до ФФМ, а оттаму е испратен до УЕФА, каде се разгледува и до крајот на месецот чекаме одговор дали треба уште нешто да се измени во проектот, рече Славчо Васков Пинда.
Одговарајќи на новинарски прашања рече дека идејното решение за нов стадион е мотивирано од долгата историја на клубот, кој за две години треба да одбележи сто години од постоењето, а според првичните проценки изградбата на стадионот ќе чини над 25 милиони евра.
Автор на идејното решение е архитектот Владимир Ѓоргиевски од Скопје.