Притвор за осомничен жител на Нов Дојран за извршена обљуба врз девојка

 Притвор за осомничен жител на Нов Дојран за извршена обљуба врз девојка

На 20.11.2025 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран, сооштија денеска од полицијата.

Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25 годишна девојка.

И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Share via
Copy link