fbpx

Приведен радовишанец за одземање возило, следува соодветна пријава

 Приведен радовишанец за одземање возило, следува соодветна пријава

МВР соопшти дека синоќа во 23.00 часот полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш.

Тој се сомничи дека во периодот од 19:30 до 21:30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link