Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Прв професионален договор на Савовски со Џио Струмица
Одбојкарскиот клуб ЏИО Струмица продолжува со процесот на подмладување на тимот и грижа за најголемите македонски одбојкарски надежи.
Средниот блокер Филип Савовски го потпиша првиот професионален договор со шампионскиот тим и со своите 206 сантиметри на 18 години претставува еден од најголемите македонски потенцијали за репрезентативната одбојкарска приказна.
Савовски го следи патот на одбојкарскиот развој на повеќе негови сограѓани од Пробиштип кои станаа доста успешни одбојкари поминувајќи го потребниот струмички филтер за професионален и правилен развој на одбојкарските вештини и здрав спортски живот.