„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„РАЗМИСЛУВАЈ РАЗЛИЧНО“ ПОДЕЛИ ФЛАЕРИ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Во пресрет на 3 декември денот на лицата со попреченост Здружението „Размислувај Различно“ со седиште во Струмица посети неколку општини од југоисточниот регион и подели свои флаери.
Посетата беше искористена да се сретнат и со некои од членовите на Здружението, да се разговара за нивните проблеми, да се видат нивните потреби и да се најде начин да им се излезе во пресрет.
Активисти на Здружението Размислувај различно во пресрет на 3 Декември денот кој Обединетите нации го прогласија за ден на лицата со попреченост изработија свој флаер и го поделија во Струмица, Гевгелија, Василево и Ново Село.
-Флаерот потсетува дека проценките зборуват за 16 проценти од светската популација која страда од попреченост, односно 1,3 милијарди луѓе на светот се соочуват секојдневно со телесна или интелектуална потешкотија. Здружението „Размислувај различно“ потсетува дека лицата со попреченост имат поголем ризик да развијат состојби како депресија, астма, дијабетес, мозочен удар или орално здравје. Тие потсетуват на недостапноста на многу услуги и бариерите со кои се соочува оваа популација, стои во флаерот на Здружението.
-Не претпоставувајте дека попреченоста е видлива. Обидете се да ги идентификувате лицата со попреченост проактивно – повикува Размислувај различно.