fbpx

Реакција на Костадинов на прес конференцијата на министерот Трипуновски

 Реакција на Костадинов на прес конференцијата на министерот Трипуновски

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави реакција на прес конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој вината за немањето питка вода во Струмица ја насочи кон струмичкиот градоначалник, Општина Струмица и „Комуналец“.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

-Кога видоа дека не можат да не разбијат локално, се собраа 6 институции да го рушат Костадинов.Искрено очекував дека денеска ќе се понуди решение за проблемот на брана Турија и ситуацијата со водата во брана Турија, наместо тоа тие со нов напад кон мене!

Драга Струмицо, правам се што е возможно да ги донесам неспособниот министер да седне на маса и да даде одговор што понатаму, тој излезе на прес конференција во која секој втор збор е Костадинов.Зошто министре се плашиш од Костадинов?Зошто не излезе со анализи и бројки за водата.100 дена нов министер за Земјоделство Водостопанство Шумарство, 100 дена изговори и бегање од одговорност.Оваа војна против мене драги институции ќе ја изгубите, оти ова не е војна со Коста Костадинов, ова е војна против Струмица.

Ако некој досега имаше дилеми дали ќе се повлечам, еве го одговорот: Така мотивиран да се спротивставам на неправдата, на фашистичкиот наратив на мин. за земјоделство, на одредени локални транзициски профитери вгнездени во светото вмро, свесно злоупотребувајки го и дпмне, не сум бил никогаш.Ова е мотив и силен порив за мене и мојот тим, од прв до последен, заедно со секој еден разумен, рационален човек, да се борам за СЛОБОДНА Струмица !Борба до последна капка крв!Продолжуваме одлучно, храбро и жестоко против фотељашите.

Share via
Copy link