Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Роџерс Мато од Уганда ново засилување на првиот тим на Брера
Првиот состав на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап, а три пати бил стрелец на голови.
Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа, но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига и Струмица заради можностите што ги нуди интернационалниот проект Брера Холдинг.
Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството.