fbpx

Се крадат и корнат новозасадени дрва и капаци од водоводни шахти на шеталиштето на „Крушевска Република“

 Се крадат и корнат новозасадени дрва и капаци од водоводни шахти на шеталиштето на „Крушевска Република“

-Шеталиштето на покриениот канал на улицата Крушевска Република покрај неговото урбано уредување продолжува да биде мета на граѓани кои го уништуваат. Се крадат и намерно кршат новонасадени насади од дрвца а и дел од капаците на водоводните шахти се украдени или сокршени, информираа денеска од ЈПКД „Комуналец“.

-Апелираме да престане таквото однесување на поединци, а секое уништување на урбаната опрема претставува и уништување на животната средина која треба да служи за поквалитетно урбано живеење. Ги орхрабруваме сите граѓани да ја подигнат свеста и да пријавуват вакви или слични појави со што ке го подобриме квалитетот на животната средина која не опкружува, стои во соопштението на струмичкото комунално претпријатие.

Share via
Copy link