Се реконструира Градскиот парк во Нов Дојран
-Токму овој парк е симбол на младоста на многу генерации, во него се создадени безброј спомени кои со задоволство ги чуваме и прераскажуваме. Затоа, реконструкцијата е неопходна, за создавање на нови спомени и продолжување на традицијата на собирање на жителите од Нов Дојран баш во срцето на ова населено место – градскиот парк, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
-Трансформацијата на градскиот парк ќе вклучи нови градски светла кои ќе ги разубават нашите вечери, нови детски играчки кои ќе го исполнат воздухот со радост, урбана опрема и хортикултурно уредување во кое сите ќе уживаме.Секое дополнување е почит на веќе напишаните приказни овде и на безбројните спомени што допрва ќе ги создаваме заедно.Моменталниот зафат е повеќе од реконструкција; тоа е повторно раѓање на местото кое ја претставува душата на Нов Дојран.Заедно, да го гледаме како цвета повторно и одново. Жителите на Нов Дојран заслужуваат место каде ќе се случуваат прекрасни културни настани, место за дружба, забава и уживање, напиша градоначалникот на Дојран.