Костадинов:бандити заради лични интереси решиле да злоупотребуваат карневалски денови за да палат се и сешто
-Веројатно некои бандити заради лични интереси решиле да злоупотребуваат карневалски денови за да палат се и сешто, па свесно ни ја трујат Струмица!, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
Во разговор со Здрава котлина и локалната инспекција денеска ќе организираме сеопфатна координирана акција, во рамки на нашите законски надлежности за лоцирање и делување.Последен пат ги повикувам сите надлежни државни инспекторати конечно да почнат да постапуваат!Струмица меч никому не дигнала, но ако реши некој да го дигне мечот против сите нас, жестоко ќе одговориме, напиша струмичкиот градоначалник.