fbpx

Скопјанец и кавадарчанец илегално ја преминале границата со Грција

 Скопјанец и кавадарчанец илегално ја преминале границата со Грција

На 17.05.2023 во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Е.А.(40) од Скопје и Т.Н.(52) од Кавадарци, затоа што илегално ја преминале државната граница со Република Грција, соопштија денеска од МВР.

Исто така, било констатирано дека од патната исправа на Е.А. недостасуваат неколку страници. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото:архива

Share via
Copy link