„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Слоу Фуд Огражден“ ја заврши донаторската акција во село Дрвош
-Денес на големиот христијански празник Свети Никола сакаме да ве известиме дека нашата дарителска акција, која ја промовиравме на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) во потполност успеа, информираат од Здружението „Слоу Фуд Огражден“ од Босилово.
Додаваат дека со оваа дарителска акција, успеале да обезбедат средства за изградба на настрешница на свеќарникот во црквата Св.„Ѓорѓи“ во Дрвош, како и набавка на три клупи за седење од кои две се веќе поставени. За третата клупа дополнително ќе се консултираат со локалното население каде да биде поставена.
-Општествено одговорните компании од нашиот регион уште еднаш ја покажаа својата доблест и широко срце во помагањето на реализацијата на целите и задачите, односно, онолку колку што може да се придонесе за зачувување на нашите вековни и автохтони особености, како и локалните природни и културни богатства.
Во акцијата учествуваа повеќе компании и физички лица кои со свој придонес овозможија да се реализира и да успее оваа акција.На дарителите-Еуромакс Ресоурцес Скопје,Мајстор Компани Босилово, Софија Дент Босилово,Трендо Иловица, Тргопроект Струмица, Хотел Студио Ин Струмица, Црковен Одбор при црквата Св. „Ѓорѓи“ во Дрвош им благодариме што учествуваа во оваа акција, стои во објавата на „Слоу Фуд Огражден“.