fbpx

Со боја оштетен билбордот на Бујар Османи во Струмица

 Со боја оштетен билбордот на Бујар Османи во Струмица

На 22.04.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Струмица, било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано  (билборд) на кандидат за претседател на претстојните избори, кое било поставено на раскрсницата од улиците „4-ти Јули“ и „Ленинова“ во Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Билбордот е на претседателскиот кандидат Бујар Османи, кој е поставен во Струмица од почетокот на кампањата за првиот круг на претседателските избори.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link