fbpx

Со цртање на отворено во Градскиот парк одбележана Детската недела и Денот на учителите

 Со цртање на отворено во Градскиот парк одбележана Детската недела и Денот на учителите

Ученици од основни училишта од струмичкиот регион со цртање на штафелаи во Градскиот парк во Струмица денеска ги одбележаа Детската недела и Денот на учителите.

Настанот се одржа во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

Учениците цртаа на хамер со сув пастел на тема „Не заборавајте ги децата, дарувајте им љубов и внимание“, тема, која според директорката на Домот за деца и млади, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, е прифатлива за нив, бидејќи секаде на децата им е потребна љубов и внимание.

Детската недела ќе продолжи со распишаниот ликовен и литературен конкурс на тема „Поубав свет за сите“, кој треба да се одржи на крајот на овој месец.

Share via
Copy link