fbpx

Совет на Општина Струмица:донесена одлука за основање на ЈП за заловување и третман на бездомни кучиња

 Совет на Општина Струмица:донесена одлука за основање на ЈП за заловување и третман на бездомни кучиња

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 5-та седница на која членовите усвоија и донесоа повеќе одлуки, планови, програми, информации и извештаи.

Зелено светло од советниците добија предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2022/2023 година, предлог-измената и предлог – одлуката за давање согласност за обезбедени финансиски средства на годишниот план за вработување во општинската администрација на општина Струмица за 2022 година, предлог – одлуката за основање на Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња, информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за втората половина од 2021 година и извештајот за работата на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за минатата година.

На седницата беа усвоени и предлог – решенијата за разрешување и именување членови во Локалниот економско – социјален совет на општина Струмица, на Одборот за подигање на спомен-обележја и на Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи.

Беше усвоен и извештајот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за периодот јануари – септември 2021 година, како и програмата за оваа година, одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“, одлуката за паушално фактурирање за корисници кои имаат неисправен водомер, закочен водомер или немаат водомер и одлуката за усвојување ценовник за вршење на работи на ова Јавно претпријатие во 2022 година, а беше донесена и одлука за разрешување и именување член во Управниот одбор на „Комуналец“.

На дневен ред беа и се усвоија повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.

Share via
Copy link