fbpx

Полициски билтен:пронајден починат старец во Гевгелија,контрола на возила за јавен превоз, физички напад во Василево

На 20.01.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Струмица Д.И. (50) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 10:30 часот пред пошта во село Василево бил физички нападнат од Ј.Н. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 20.01.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, 30 возила биле упатени во Станица за технички преглед, а неправилности биле констатирани кај 9 од нив, од кои 5 во Струмица и 4 во Радовиш. Во најголем број од случаите, односно кај 7 возила била констатирана неисправност на уредот за запирање.
За сите констатирани прекршоци се изрешени соодветни санкции.

На 20.01.2022 околу 12.30 часот К.Н. пријавила дека во Гевгелија во неговиот дом бил пронајден починат А.А.(72). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 20.01.2022 година во 14.40 часот во Полициската станица Валандово Д.М.(39) од село Калково, валандовско, пријавил дека од нивниот дом во село Калково се оддалечила неговата сопруга Д.М. (32). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Share via
Copy link