fbpx

Србија од четврток го укинува задолжителниот ПЦР тест за македонски државјани

 Србија од четврток го укинува задолжителниот ПЦР тест за македонски државјани

Србија од четврток, 14 јануари, ќе го укине задолжителниот ПЦР тестот за влез во земјата за македонските државјани, го информирала денеска во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ, премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, во телефонскиот разговор меѓу Заев и Брнабиќ, меѓу другото биле изразени честитки за успешна 2021 година, како и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

-Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

Share via
Copy link