fbpx

Српската Влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица

 Српската Влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица

Српската Владаа на денешната седница донесе одлуки за соработка на повеќе општини во Србија со општини и градови во други земји, меѓу кои е и соработката меѓу градот Лесковац со градот Струмица и општината Лебане со Кривогаштани во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Градот Лесковац ќе воспостави соработка со општина Струмица, Република Македонија, во областа на економскиот, деловниот и научно-техничкиот развој, социјалната заштита, образованието, културата и спортот, се наведува во соопштенито.

Членовите на Владата денеска донесоа одлуки за соработка и на општина Лебане со општина Кривогаштани во Северна Македонија во областа на економијата, образованието, спортот, културата, екологијата, информатичката технологија, туризмот, како и воспоставување на прекугранична соработка според проектите на европските фондови.

Share via
Copy link