fbpx

СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДОБИ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ НА СВЕЧЕНАТА ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ

 СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДОБИ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ НА СВЕЧЕНАТА ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ

Вечерва во Манастирот Свети Леонтиј во Водоча се одржа Свечена академија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, заштитници на градот Струмица. Во рамки на Свечената академија, беше одбележано духовното наследство на патроните на градот Струмица. Домаќин на настанот беше Струмичката православна епархија, информираа од Општината.

-Во рамки на Свечената Академија, на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, му беше доделено специјално признание за неговото лидерство, непоколеблива посветеност на напредокот на градот и негувањето на позитивните општествени вредности преку активно потсетување за важноста на единството, почитта и љубовта. Во оваа прилика, Градоначалникот изрази длабока благодарност и ја потврди својата посветеност да служи на Струмичани и да го почитува богато наследство на општината, се наведува во информацијата.

Share via
Copy link