Струмичките пожарникари од утрово гаснеа три пожари-во Суви Лаки, Струмица и Муртино

 Струмичките пожарникари од утрово гаснеа три пожари-во Суви Лаки, Струмица и Муртино

Денеска уште во утринските часови ТППЕ Струмица имаше три интервенции и тоа: 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители.

Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со 3 ПП возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители

Share via
Copy link