fbpx

Струмица на маса со глобалните градски лидери на петтиот Глобален Самит Силни Градови во Кејптаун

 Струмица на маса со глобалните градски лидери на петтиот Глобален Самит Силни Градови во Кејптаун

-Заедно со преку 140 градоначалници, гувернери, претставници на национални влади и граѓански организации од 90+ градови и 40+ земји се приклучивме на инспиративна размена на идеи во рамки петтиот Глобален Самит на Силни Градови во организација на Мрежата на Силни Градови. Сесиите кои се одржаа претставуваат основа за решавање на некои од предизвиците на денешното време – омраза, поларизација и локалното влијание на глобалните кризи, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Во рамки на разговорите помеѓу Градоначалниците, опфативме неколку исклучително важни теми. Темата “Иновативен пристап кон безбедноста на заедниците, предводен од Градовите“ поттикна дискусија за креирањето нова димензија на јавната безбедност преку партнерства со граѓаните и невладиниот сектор, со цел развој на кохезивни, отпорни градови, нешто што нам Струмичани ни е познат терен, преку активната улога на Локалниот Совет за Превенција. Како дел од темата “Глобални кризи, локални влијанија врз социјалната кохезија“ се отвори суштинско прашање за тоа како локалната самоуправа може да се справи со влијанието на конфликтите, климатските промени и миграцијата. Дополнително, значително конструктивен беше разговорот во кој споделија стратегии за управувањето со промените на населението, истовремено поттикнувајќи ја социјалната кохезија и борбата против анти-мигрантските чувства во рамки на темата “Бегалци, Миграција и Урбанизација“. Како заокружување на Градоначалничките разговори, дискутиравме за начините за справување со говорот на омраза – и онлајн и офлајн – за да се ублажат локалните тензии и насилство. Пленарната сесија на тема “Соработка помеѓу Национално и Локално ниво“ даде приказ на можностите за зајакнување на партнерствата помеѓу националните и локалните власти за да се создадат сеопфатни рамки за превенција и одговор. Согледувањата од првиот ден од Глобалниот Самит Силни Градови ја потврдуваат суштински важната улога на локалното лидерство во справувањето со глобалните предизвици и зачувувањето на социјалната хармонија и безбедност. Верувам дека во ваков манир ќе продолжи и остатокот од самитот и дека ќе се вратам дома со голем број свежи перспективи и инспирација за дополнително унапредување и прогрес на Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link