„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица повторно ќе биде домаќин вечерва на поетската манифестација „100.000 поети за промена“
Струмица повторно ќе биде домаќин вечерва на поетската манифестација „100.000 поети за промена“.
Настанот го организираат глобалното движење „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“. Ова е 11. издание на поетската манифестација.
По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, ова издание на манифестацијата ќе се реализира на две локации. Во НУЦК „Антон Панов“ (камерна сцена) со почеток во 20 часот ќе биде отворен фестивалот, со промоција на зборникот во кој се застапени 60-на поети. Во вториот дел од програмата кој е предвиден да започне во 22 часот во кафе бар „Нагоре“ ќе биде отворена изложбата на плакати, односно дизајнерските решенија кои пристигнаа на конкурсот, а учесниците и гостите ќе ја имаат уникатната можност да го проследат музичко-сценскиот перформанс на колективот „Перија“.
Глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и offline настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток.
За време на фестивалот во Струмица ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од COVID19 според мерките на СЗО и Министерство за здравство.