fbpx

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Заводот за статистика објави список на локации за попишување

 Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Заводот за статистика објави список на локации за попишување

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им понуди на граѓаните да отидат на одредени локации во нивните општини и како што велат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Списокот со седишта каде може да се попишат е достапен на следниот ЛИНК.

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Пописот официјално започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.

Share via
Copy link