fbpx

Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште

 Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште

Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште. Оваа информација преку општинската ФБ страна,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, ја сподели градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Игралиштето е оградено, опремено со кошеви и стативи и е осветлено, со што неговите корисници ќе имаат можност и за ноќно спортување.

Буџетот за реализација на овој проект e целосно обезбеден од општинската каса и согласно Договорот со изведувачот, изнесува 3.040.545 денари.

Изведувач на градежните активности на терен беше копанијата Универзал градба, која на јавно објавениот тендер, достави најповолна понуда.

Share via
Copy link