„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Светски ден на лицата со Даунов синдром: гимназијалците направија живи броеви 21 и 3
Под мотото „Секој е посебен на свој начин“ денеска на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром-21 Март.
Сто и педесет ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори и Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ заедно испратија порака дека овие лица се тука и секој од нив заслужува еднакви права и еднакви можности во општеството.
Учениците ги направија броевите 21 и 3 и со тоа ја дадоа поддршката за своите другарчиња и за сите лица со Даунов синдром.
Според Анче Туфекчиева од „Вера“, симболиката на овие броеви е затоа што овие лица се родени со копија на 21-от хромозом три пати, односно во својата ДНК дваесет и првиот хромозом го имаат три пати и со денешниот настан им се искажува поддршка.