Tags : карневал

Соопштени наградите од Главната карневалска вечер

Категорија А, карневалска маска со над  50 лица: I место/награда „Цветина свадба“ – СОУ„Јане Сандански“ Струмица (вкупно 489 поени) II  место/награда „Танцот на сонцето“ – СОУУД„ Димитар Влахов“ Струмица (вкупно  470 поени) III место/награда  „Вондерленд“ – „Газели“ (вкупно  461 поени) ·    Стимулативна награда за „Струмички чудесии“ – ДСУ  РЦСОО „Никола Карев“ Струмица (вкупно  379 поени) […]

Струмичката библиотека ги додели наградите за литературни творби на тема

Во рамките на годинашните карневалски празнувања, денеска во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ беа доделени наградите на авторите на најдобрите литературни творби на традиционалниот награден конкурс на тема „Карневалската маска во мене“. На конкурсот вкупно пристигнале 113 творби и тоа 27 во категоријата ученици од основните училишта од I до V одделение, 40 творби во категоријата […]

„Севап Мерит“ со „Магелан“ ќе плови на Карневалот

Здружението „Севап Мерит“ продолжува да патува на Струмичкиот карневал. По низата успешни маски од минатите карневали, годинава оваа вредна група на Карневалот ќе плови со маската „Магелан под Царевите кули“. Како што не информираше Соња Цицимова од оваа карневалска група, која постои од 2016 година, изборот на годинашната маска го задржува трендот од претходните-да бидат […]

„Комуналец“ го исчисти плоштадот по одржувањето на карневалот

-Големиот број гости кои дојдоа да го посетат годинашниот Струмички карневал,покрај добрата забава, за жал, го преполнија со отпад централното градско подрачје. За вракање на плоштадот во првобитната чиста состојба уште во раните утрински часови на празникот Прочка во недела, екипите на ЈПКД Комуналец беа на терен и се погрижија да се исчисти целото расфрлено […]

СВР Струмица: За време на карневалот не се пријавени и

Пред и во тек на одржување на манифестацијата Секторот за внатрешни работи Струмица презема низа превентивни, но и репресивни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување на мирно и непречено одвивање на истата. Во текот на карневалските денови полициското присуство е забележително, полициските службеници на терен преку извршување на своите службени задачи се во […]

Фото: карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа

Карневалските маски „Холандија на дланка“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Разиграни сложувалки“ на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“ учествуваа на Карневалот во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува во рамките на Фестивалот на мимозата. Настапот на двете карневалски групи предизвика огромен интерес не само кај публиката, туку и кај тамошните медиуми и […]

Видео: се одржа карневалот во Венеција, му претходи на Струмичкиот

Викендов во Венеција се одржа познатиот карневал во Венеција. Карневалот беше одбележан со традиционалната водена поворка на чамци по Големиот канал. Настанот беше предводен од препознатливата гондола со Пантегана-стаорец од хартија, долга седум метри на чело, којшто стана своевиден симбол на популарниот италијански Карневал. Интернационалниот Струмички карневал годинава ќе се одржи од 26 февруари до […]

Фото: Карневалските групи„Струма“ и ОУ „Маршал Тито“ на карневал во

Карневалските групи на Здружението „Струма“ и на ОУ „Маршал Тито“ го претставуваа Струмичкиот карневал на Меѓународниот карневал во Тиват, Црна Гора. „Струма“ на карневалот во Тиват се претстави со маската „Порака“, а учениците и наставниците од „Маршал Тито“ со маската „Моќта на боговите“. И двете групи заедно со останатите беа примени кај градоначалникот на Тиват,Жељко […]

Новинарскиот клуб од Струмица се акредитираше за следење на Струмичкиот

Членовите на Новинарскиот клуб Струмица, кој работи во рамки на Младинскиот образовен форум (МОФ) од Скопје и ЦИА „НОВУС“ од Струмица, денеска се акредитираа за следење на Струмичкиот карневал, односно за Главната карневалска вечер и за останатите настани до крајот на Карневалот. Членовите на Новинарскиот клуб, Соња Појразовска, Адем Мемедов, Филип Костовски, Драгица и Ивана […]

Од задутре почнува струмичката карневалска треска

Денеска во струмичкиот Младински центар, се одржа прес конференција по повод претстојните карневалски свечености во Струмица, на која зборуваа покровителот на Струмичкиот карневал и градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов. Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната традиција на празнување под маски […]