fbpx

Новинарскиот клуб од Струмица се акредитираше за следење на Струмичкиот карневал

 Новинарскиот клуб од Струмица се акредитираше за следење на Струмичкиот карневал

Членовите на Новинарскиот клуб Струмица, кој работи во рамки на Младинскиот образовен форум (МОФ) од Скопје и ЦИА „НОВУС“ од Струмица, денеска се акредитираа за следење на Струмичкиот карневал, односно за Главната карневалска вечер и за останатите настани до крајот на Карневалот.

Членовите на Новинарскиот клуб, Соња Појразовска, Адем Мемедов, Филип Костовски, Драгица и Ивана Трајкови, заедно со нивниот ментор, Ристо Тасев, ги подигнаа акредитациите од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Акредитациите им ги врачија Хризантема Рендевска и Катерина Милушева и им посакаа на младите новинари успешно следење на далеку прочуениот Струмички карневал.

По подигнувањето на акредитициите членовите на Новинарскиот клуб имаа краток редакциски состанок на кој уште еднаш ги поделија задачите за што подобро новинарско покривање на Карневалот.

Сработеното ќе се разгледува и подготвува на наредната средба, а овој настан се планира да биде еден од завршните продукти на Новинарскиот клуб.

Share via
Copy link