fbpx

Полициски билтен:пронајдена дрога кај малолетник во Гевгелија, физички напади во Струмица и Баница

 Полициски билтен:пронајдена дрога кај малолетник во Гевгелија, физички напади во Струмица и Баница

На 16.03.2024 во 01.05 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(18) од Гевгелија и во присуство на родител во полициска станица извршиле службен разговор со малолетник од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мини купер“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, кај малолетникот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (16.03.2024) во 01.05 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Џ.Ѓ.(51) од Струмица затоа што во Струмица физички нападнал 22 – годишна девојка од Струмица со која порано бил во врска. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот биол запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Џ.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.03.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Струмица, Н.Т.(39) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 15.00 часот во село Баница неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link