fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана кај двајца скопјани и еден струмичанец

 Полициски билтен:пронајдена марихуана кај двајца скопјани и еден струмичанец

На 16.03.2024 година во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Р.А.(30) и Р.А.(22) и двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи. При преглед на Р.А.(22) била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот протоив нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.03.2024 година во 23.00 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.Н.(33) од Струмица. При преглед на истиот била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање протиив лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link