Tags : Костадинов

Костадинов за успехот на одбојкарките:Струмица е шампионски град

-Одбојкарскиот клуб Струмица жени се нашите шампиони!Со задоволство им честитав на нашите девојки за куп титулата и постигнатиот успех.Струмица е шампионски град и дефинитивно град на одбојката.Радувај се спортска Струмицо!

Костадинов заедно со ученици од „Видое Подгорец“ и членови на

-Пролетта не пoтсетува колку е убава промената. Секое дете е цвет, секој цвет различно цвета. Цвеќиња во сите бои утрово во чест на пролетта, засадивме заедно со учениците од ООУ „Видое Подгорец“ и членовите на ЦПЛИП „Порака“, објави градоначалникот Костадинов. -Сите бевме среќни и весели, пролетно расположени, но и свесни за важноста од чиста средина. […]

Градоначалникот Костадинов го честиташе почетокот на Рамазанските пости

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Ви го честитам почетокот на Рамазанските пости, со желба наредните триесет денови да ви поминат во здравје, мир, радост, хармонија, љубов кон Бога и прочистување и воздигнување на Вашиот дух. Ви посакувам лесен пост и со среќа да го дочекате Рамазан Бајрам, еден од двата најголеми Ваши празници. Нека ви […]

Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи во некогашната Маларична

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците, членови на Советот и сограѓани од Турското маало во Струмица, денеска извршија увид во градежните работи на локацијата на некогашната руинирана маларична болница, а на која сега се прават мултифункционално игралиште и паркинг за потребите на црквата „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“ и џамијата. -Едно од клучните барања на сите жители […]

Градоначалникот Костадинов на увид на градежните работи на Домот на

Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и членови на Советот на општина Струмица денеска изврши увид во градежните работи од втората фаза на изградбата на Домот на културата во населеното место Куклиш. Задоволен од работата, тој потенцираше дека за да има активни села, мора власта да им обезбеди услови за функционирање во сите области. -Куклиш […]

Костадинов:Почна изградбата на нов современ ученички дом во Струмица

-Аирлија нека е реализација на уште еден капитален проект!Почна да се гради нов современ ученички дом во Струмица!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Ова е уште едно мое предизборно ветување, а на барање на граѓаните од соседните општини чии деца се школуваат во средните училишта во Струмица.Многу прашања поврзани со изградбата на овој дом […]

Костадинов и Бочварски на увид на градежните работи на инфраструктурни

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. По кусиот разговор во кабинетот на тема подобрување на инфраструктурата во Општината, тие посетија неколку локации со завршени и започнати проекти кои се резултат на успешната взаемна соработка. Еден од нив е новиот булевар „Братство Единство“ кој е во завршна фаза […]

Градоначалникот Костадинов заедно со евроамбасадорот Гир присуствуваа на третиот роденден

-Денес беше прекрасно, заедно со Евроамбасадорот Дејвид Гир, да бидеме меѓу младите струмичани, и да присуствуваме, во струмичката Градска уметничка галерија, на одбележувањето на третиот роденден на „Europe house“ – Струмица. По тој повод, ја имавме и честа да се обратиме пред присутните, зборувајќи за значењето на ова катче за младите, кое е плод на […]

Костадинов личност на годината во Југоисточна Европа за 2024 година

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, е избран за личност на годината од Фестивалот на Југоисточна Европа-Париз, Берлин,Вашингтон. Одлуката му ја соопшти амбасадорот Јордан Плевнеш во име на Уметничниот одбор на Фестивалот. -Признанието ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани и како што рече Плевнеш, ако Балканот е срцето на Европа, денеска Струмица е […]

Костадинов им посака топло добредојде на семејства-кампери од Белгија, Финска

-Една необично убава средба, со една необична група на луѓе која ја затекнавме во нашата убава Струмица. Секој треба да ја чувствува Струмица како своја.Топло добредојде им посакав на Пери од Белгија,Николас од Финска и Нико од Швајцарија кои заедно со своите фамилии во прошетката која трае веќе 6 месеци ја посетија и Струмица, објави […]