fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Рамазан Бајрам

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани од муслиманска вероисповед,

По завршувањето на Рамазанските пости и Вашите ифтарски вечери, повторно ја дочекавте тридневната радост која ви ја дарува големиот исламски празник Рамазан Бајрам, или, како што милувате да го нарекувате, Шеќер Бајрам.

Нека и ова Ваше празнување и радување биде исполнето со љубов, разбирање, добрина, благодат и милосрдие, кои на најдобар можен начин ќе знаете да ги споделите со луѓето од Вашето опкружување.Ви посакувам, празничните денови да ви поминат во добро здравје, расположение, семејна среќа и хармонија, како и во доследно негување на Вашата духовна традиција. Нека Ви е честит, среќен и вековит Рамазан Бајрам.

Bajram Serif Mubarek Olsun.

Share via
Copy link