fbpx

Костадинов:Почна изградбата на нов современ ученички дом во Струмица

 Костадинов:Почна изградбата на нов современ ученички дом во Струмица

-Аирлија нека е реализација на уште еден капитален проект!Почна да се гради нов современ ученички дом во Струмица!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Ова е уште едно мое предизборно ветување, а на барање на граѓаните од соседните општини чии деца се школуваат во средните училишта во Струмица.Многу прашања поврзани со изградбата на овој дом во минатиот период стигаа на моја адреса, но еве уште една потврда дека за мене зборот е збор. Имаше многу работа во подготвителниот период и планирана, но и непланирана, се решија сите проблеми и домот се гради.Капацитетот е за 98 ученици, а инвестицијата е над 100 милиони денари, средства од општинскиот буџет.Нека ни е со среќа и нека овој нов дом биде полн со ученици, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link