fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана кај жител на Градашорци, физички напад во Струмица

 Полициски билтен:пронајдена марихуана кај жител на Градашорци, физички напад во Струмица

На 29.02.2024 во 22:30 часот во село Градашорци, струмичко, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.М.(27) од село Градашорци. Затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодватна пријава.

На 01.03.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Струмица, Р.С.(44) од село Радово, струмичко, пријавил дека окочу 16.00 часот на ул. „15 Мај“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link