Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
ОО СДСМ ги повикува граѓаните да се потпишат за кандидатурата на Стево Пендаровски
-Општинската организација на СДСМ Струмица ги повикува сите граѓани, членови и симпатизери утре (недела 3 март) од 8 часот да излезат масовно и да го дадат својот потпис за уште еден мандат на претседателот Стево Пендаровски во Подрачната канцерија на ДИК во Струмица (зграда на Општина Струмица), стои во повикот на струмичките социјалдемократи.
Претседателот Стево Пендаровски заслужува уште еден мандат. Македонија заслужува сериозен и одговорен државник, кој знае како и каде да ја води државата, претседател на и за сите граѓани, се додава во повикот.