Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против Д.А.(53) од село Воиславци, радовишко,соопштија денеска од полицијата. Лицето се сомничи дека во периодот од октомври 2021 година до август 2022 година извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во два манастира и една црква во близина на село Воиславци, радовишко.