fbpx

Полициски билтен:уапсен крадец од Гевгелија, физички напад во Иловица

 Полициски билтен:уапсен крадец од Гевгелија, физички напад во Иловица

Вчера во 21:30 часот на автопатот А1, делница од Гевгелија кон село Прдејци, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(40) од Гевгелија, под сомнение дека истиот ден сторил една тешка кражба на дрзок начин и  тешка кражба во обид во две аптеки во Гевгелија.

Лицето било задржано во просториите на Полициска станица Гевгелија и по документирање на случајот проив него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.11.2020 година во 18.30 часот во Полициска станица Струмица Б.И. (26) од село Банско пријавил дека околу 16.30 часот во село Иловица бил физички нападнат од А.Н. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link