Ученикот Лука Стојановиќ од ООУ „Видое Подгорец“ во Колешино е првонаграден на литературниот конкурс што го организира Сојузот на просветни работници на Македонија. Toj наградата ја доби за литературна творба на тема „Зборот на Кирил и Методиј- секогаш живее во мојата приказна“, која ја изработи под менторство на наставничката Атина Манчева.