Пожарот на Огражден, над селото Бадилен, кој гори веќе осум денови од синоќа се проширил, односно се префрлил на западната страна на планината. И денеска пожарот го гаснат два хеликоптери-еден српски и еден турски, како и припадници на ТППЕ Струмица и локално население. Фотографиите се од пожарникарот Атанас Чавковски од местото „Долгите борови“.