fbpx

Tags : СОФ 2020

СОФ 2020: Вечерва премиера на проектот „Македонски грув“

Струмица ОПЕН фестивал секоја година промовира нови музички проекти на домашни изведувачи. „Македонски грув“ е проект создаден за потребите на СОФ 2020 за да се потсетиме на многу заборавени, но големи домашни хитови. Вечерва, од 22:00 часот на Езерцето ќе го слушнеме најдоброто од македонската музика изведено од препознатливите гласови на Јовче Пандев и Ивана […]

Креативно видео на One Way Dance Studio за проектот Human

Струмичкото танцово студио One Way вечер ќе ја одигра танцовата претстава Човек/Human во летниот Амфитеатар во рамките на СОФ 2020. Поради ограничениот број на посетители кои може да го следат настанот, претставата ќе биде изведена два пати. Акцентот на претставата е ставен на човекот како центар на универзумот т.е. универзален примател и пребирлив донатор. За […]

СОФ 2020:панел дискусија за здрави навики

Синоќа во градскиот парк во Струмица, во рамки на програмата на Струмица ОПЕН фестивал се одржа бесплатна панел дискусија. Гости на дискусијата беа д-р Александар Стојменов – специјалист по кардиологија и Даниел Трбогазов – фитнес тренер и инструктор по пливање.  Преку интерактивна и едукативна дискусија се обработија повеќе теми кои ги засегаат професионалните, но и […]

СОФ 2020: Медена земја со нов термин за проекција

Поради дождот кој два дена по ред ја зафати Струмица во вечерните часови, дел од филмската програма на СОФ 2020 беше откажана и добива нови термини. Откажаното прикажување на краткометражните филмови „Стикер“, „Без љубов“, „Види ја ти неа“ и „Награда“ ќе се одржи вечерва, четврток од 21:00 часот. Веднаш по кратките филмови ќе се прикаже […]

Ноќна тура до локалитетот Цареви Кули

Околу 100-тина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица – Цареви Кули. Најголемиот симбол на градот и годинава понуди незаборавна ѕвездена глетка. Велосипедистите се движеа по велосипедската патека, а останатите по трим патеката Св. Илија. Атмосферата ја дополни DJ Циге. Организатори на настанот беа Атлетскиот клуб „Беласица Ран“ и ЗКУ […]

Aеробик тренинг на отворено во рамки на СОФ 2020

Синоќа се одржа првиот аеробик тренинг на отворено како дел од програмата на СОФ 2020. Во градскиот парк кај Езерцето вежбаа 60-тина рекреативци од сите возрасти. Тренингот го водеше аеробик и пилатес инструкторот Елена Илков од GoFit. Општинската организација на Црвен Крст – Струмица со свој волонтерски тим беше дел од синоќешниот настан со цел […]