ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Ноќна тура до локалитетот Цареви Кули
Околу 100-тина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица – Цареви Кули. Најголемиот симбол на градот и годинава понуди незаборавна ѕвездена глетка. Велосипедистите се движеа по велосипедската патека, а останатите по трим патеката Св. Илија. Атмосферата ја дополни DJ Циге. Организатори на настанот беа Атлетскиот клуб „Беласица Ран“ и ЗКУ „Југоисток“.
Третото издание на ноќните тури до Цареви кули беа поддржани од Општина Струмица, Делегацијата на Европската Унија и Sunday.
Програмата продолжува вечерва со тренинг во градскиот парк. Нашиот аеробик инструктор Елена Илков ве очекува на нов и забавен тренинг на отворено. Посетителите на првиот термин дознаа многу нови и лесни трикови за правилен кардио тренинг, но и како да ја стекнат мотивацијата која им недостига!