fbpx

Викендов ќе има ТВ преноси од дуелите Академија Пандев – Вардар и Работнички – Беласица

Наредниот викенд се играат натпреварите од 2.коло во ПМФЛ во сезоната 2020/2021.

Сепак колото започнува в петок, и тоа со мечот во Кратово меѓу Силекс и Пелистер, меч кој се игра два дена порано поради евро обврските на кратовци. И овој викенд може да се проследат ТВ преноси на Арена и МРТВ од два меча во ПМФЛ.

Во сабота камерите ќе бидат вклучени на дуелот меѓу Работнички – Беласица, а во недела пак во Струмица каде се среќаваат екипите на Академија Пандев и Вардар. Значи на ТВ ќе го проследиме двојниот скопско – струмички дуел.

Останатите мечеви, како што е вообичаено, ќе можат да се проследат низ стримовите на ФФМ, а се среќаваат Шкендија – Струга ТЛ, Борец – Ренова, Шкупи – Македонија ЃП, и како што рековме петочниот дуел во Кратово. Сите натпревари започнуваат од 17 часот.

Извор: www.sportmedia.mk

Share via
Copy link